Одбележување на Денот на Здружената оперативна команда

Во касарната „Боро Менков“ во Куманово денеска ќе биде одражана свеченост по повод денот на Здружената Оперативна Команда (ЗОК).
Како што е најавено, на свеченоста ќе присуствуваат министерот за одбрана Зоран Јолевски, началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски, заменикот на НГШ на АРМ генерал-мајор Мухамет Рацај, директорот на ГШ на АРМ генерал мајор Димче Петровски, командантите на командите и единиците на АРМ, претставници од ГШ на АРМ, поранешните команданти на ЗОК и останати гости.
Со одлука на претседателот на Република Македонија 17.октомври е определен за ден на Здружената Оперативна Команда како спомен на одбележување на значајните историски настани врз кои се темелат традициите на Армијата на Република Македонија.
Здружената оперативна команда како Команда од оперативно рамниште егзистира од почетокот на формирањето на АРМ како Армиски Корпус. Во 2000 година се трансформира во 1.Армиски Корпус ,во 2002 година се преименува во команда на копнена војска, а од 2005 година се преструктуира во сегашниот назив според стандардите на НАТО.
На 17 октомври 1887 година во селото Кресна е формиран штабот на македонското-кресненско востание кој е воедно и ден кога е кренато востанието.
Инаку, по завршување на официјалниот дел од свеченоста присутните ќе имаат можност да го погледаат историското катче во просториите на ЗОК каде се наоѓаат печатот на штабот на кресненското востание и неколку артефакти од тој период на македонската историја.
Ново на Сител
-

„Марш на ангелите“ оваа сабота се одржа во Виница
-

Тема на денот со Дарко Аврамовски, Коалиција „Сите за правично судење“
-

Вонредна седница на Владата: Продолжени се мерките за цените на горивата
-

По повеќе од три децении започна пробивање и доизградба на булеварот „Борис Трајковски“
-

Миро Кацаров в.д. директор на Универзална сала, следната недела ќе биде распишан повик за ново раководство
-

Партиски препукувања за сторени злоупотреби и криминални шеми
-

ВМРО-ДПМНЕ: Обвинителството не го видело извештајот на ДЗР?
-

Ракот на кожа не бира возраст - превенција и рано откривање порачуваат дерматолозите
