Македонија
4. May 2017 - 16:24

Одбележување на 114 годишнината од смртта на Гоце Делчев во Штип

Со панахида во црквата „Усппение на пресвете Богородица“ полагање букети цвеќе пред спомен рељефот на Гоце Делчев во штипско Ново Село, штипјани ја одбележаа 114 годишнината од смртта на големиот македонски револуционер. Делчев 2 години учителствувал токму во ова училиште кое денес е ректорат на универзитетот кој го носи неговото име.

-Неговата трагична смрт е голем удар врз нашето револуционерно движење. Се поставува прашањето, ако Гоце Делчев остабнеше жив каков ќе беше текот на Илинденското востание, дали ќе имаше трагичен крај? Како ќе се завршеа Балканските војни и каква ќе беше судбината на Македонија и дали ќе можеше да се промени текот на историјата-изјави Илчо Захариев, градоначалник на Штип

Неговите идеали се вградени во темелите на новата независна држава, меѓутоа Захариев додава дека сме пред голем предизвик да го зачуваме стекнатото, а денешните генерации да ги напуштат и изневерат Гоцевите стремежи.