Одбележани 90 години од смртта на Крсте Петков Мисирков

Во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ денеска се одржа чествување по повод 90 години од смртта на Крсте Петков Мисирков при што во спомен собата на Миладиновци беседа одржа професорот Димитар Пандев.
Според Пандев, Мисирков се јавува во времето кога на македонска почва јавно и гласноговорно се подготвува почетокот на крајот на една, како што рече, одамна неживотворна империја.
- Мисирков се јавува кога потајно и заговорно се уништува еден народ во Европа, инаку, навидум без свои (во традициоанална смисла) општествени институции, без армија, а само со свој јазик и култура, со свест и чуство за своја посебност, имено со институции што допрва ќе се институционализираат како систем со свои функции и структури, рече Пандев.
Тоа е време, нагласи тој, кога во Македонија навидум ништо не функционира освен пропагандите кои ги уништуваат сите македонски пројави и првнувања, образовни и културни и кои тврдат дека Македонците се тесто за каков било колач.
- Мисирков прецизно ја преточи како низ инка идејата вградена во јазикотворечката практика на своите книжевни и итнографски претходници во беспрекорно совршено писмовно-правописен модел заснован врз лингвистички идеи, и ја вгради како недоглед во својата надисториска книга „За македонцките работи“ и продолжително во списанието „Вардар“, истакна Пандев.
Мисирков, додаде професорот, го живеел времето на семакедонските поделби, исто како што го чуствувал нервот дека и покрај се се уште има Македонци на кои јазикот и нацијата им се умот.
Пред присутните, фрагменти од книгата „За македонцките работи“ читаа ученици од четврта година од гимназијата „Горѓи Димитров“ од Скопје.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Александар Кржаловски, директор на МЦМС
-

75 годишна жена почина - Возачот побегнал откако ја прегазил во центарот во Скопје
-

Филипче не се откажува од техничка Влада, Мицкоски пак, не се откажува од лидерска средба
-

Обвинителката Ленче Ристоска бара извинување од премиерот Мицкоски, од Влада велат дека се зачудени
-

Во недела ќе се бира градоначалник во четири општини
-

На располагање сите човечки и материјални ресурси
-

Зголемен број на пациенти со грип на инфективна после нова година - Едно лице е во критична состојба
-

Лажен лекар успеал со измама да „заработи“ близу 20 000 евра
