Македонија
11. March 2019 - 19:20

Одбележани 76 години од депортацијата на македонските Eвреи

Се родил во Mлин во близината на Скопје, а на тригодишна возраст заедно со своето семејство заминал во Израел. 74 годишниот Мати Грунберг вели дека бил единственото еврејско бебе што се родило на нашата териотрија и што го преживеало холокаустот. 

Со текот на годините станал познат скулптор и уметникм, чии што изработки освен во Израел, се нашле на изложби ширум Европа и САД. Поради тоа од него побарале да направи споменик кој што ќе биде посветен на Еврејските гробишта во Битол, во спомен на трагедијата.

Грунберг беше дел од делегацијата од Израел која присуствуваше на одбележувањето на 76 годишнината од холокаустот, пред споменикот на депортираните македонски Евреи. Никогаш не треба да се заборави монструозниот обид за уништување на еврејскиот народ, истакна министерот Димитров, порачувајќи дека секогаш треба да се бориме против антисеминизмот.

Одбележувањето на овој трагичен датум продолжи и во МНТ. Премиерот Заев рече дека тоа е еден ужасен чин кој никогаш не смее да се заборави.  

За време на Втората светска војна, во логорот на смртта Треблинка во Полска, биле убиени 7144 македонски Евреи.