Одбележани 73 години од холокаустот македонските Евреи

Еврејската заедница во Македонија одбележува 73 години од депортацијата на 7.144 македонски Евреи во нацистичкиот логор Треблинка.
Цвеќе пред споменикот на македонските Евреи во Тутунскиот комбинат денеска положија делегации од Собранието на Република Македонија, Владата, министерот за одбрана Зоран Јолевски, дипломатскиот кор, политички партии и граѓани.
Претседателката на Еврејската заедница во Македонија Берта Романо Николиќ потсети на мачењата и ужасниот крај на Евреите од нашата држава.
- Сите беа собрани во раните зори и донесени во привремениот концентрационен логор во Монополот. Историјата е полна со трагедии, а холокаустот останува како општо мерило за најголемото можно зло. Испишува податоци, бројки и педантно евидентирани извештаи. Овие броеви ќе ги набројуваме до недоглед, дека ова се само броеви, а тие беа луѓе, истакна Романо Николиќ.
Порача дека ова чествување пред Монополот се посветува на иднината, на, како што рече, онаја иднина која му прилега на човекот.
Ноќта меѓу 10-ти и 11 март 1943 година полицијата на тогашната фашистичка Влада на Бугарија во соработка со германскиот окупатор уапсила 7.148 македонски Евреи или 98 проценти од вкупната еврејска популација во Македонија. Најмногу биле од Скопје, Битола и од Штип и по неколку семејства од други градови. Биле доведени во Монполот во Скопје (денеска Тутунски комбинат) каде што им биле конфискувани пари и накит. По неколку дена поминати во привремениот логор биле натискани во сточни вагони и во екстремно тешки услови транспортирани во логорот на смртта и веднаш егзекутирани.
Сите 7.148 убиени македонски Евреи биле евидентирани. Списоците со податоци за секој од нив одделно МАНУ ги објави во Зборник во 1984 година. Околу два процента Евреи од земјава ја избегнале депортацијата зашто биле во НОБ или успеале да се скријат. Еврејската заедница е обновена во 1944 година. Со формирањето на државата Израел во 1948-ма, многумина од преживеаните македонски Евреи се преселиле во светата земја.
Ново на Сител
-

Артан Груби заработи обвинение, се бара и продолжување на домашниот притвор
-

Кој стои зад информациите дека водата во Скопје наводно е небезбедна за пиење?
-

Петрушевски: СДС е како бунар без дно за ширење паника што станува опасно за граѓаните
-

Борозан: Власта веднаш да направи анализи на водата во цела држава и јавно да ги објави резултатите
-

Се чисти депонијата кај изворот Рашче
-

25 години Рамковен договор: Стабилноста се гради со дијалог, а иднината со инвестиции
-

Сиљановска-Давкова: Струга е град пример за почитување на различностите
-

Еден месец не работи ПЕТ скенерот неопходен за следење на болните од рак – Не се знае кога ќе почнат снимањата
