Македонија
9. September 2024 - 8:25

Одбележани 33 години независност, честитки и пораки за единство и сплотеност

Под слоганот „Заедно се бориме, заедно ќе успееме!“ со повеќе активности во организација беа одбележани 33 години независност. Честитки по повод Денот на независноста - 8 Септември упатија голем број странски амбасади, Делегацијата на ЕУ, НАТО и повеќе здруженија и политички партии. 

Свечената академија се одржи во Македонската филхармонија во Скопје, од каде премиерот Христијан Мицкоски објави десет принципи за развој, стабилност и просперитет и повика на единство и сплотеност. 

-Граѓаните заслужуваат да живеат во држава каде што чесноста и правдата се водечки принципи. Време е да се стави крај на беззаконието и да се изгради држава која ќе ги заштити интересите на своите граѓани. Криминалот не смее да биде посилен од Владата и на ова зло му доаѓа крајот, истакна премиерот Христијан Мицкоски во обраќањето на свечената академија по повод Денот на независноста – 8 Септември под слоганот „Заедно се бориме, заедно ќе успееме!“.

Ново на Сител