Одбележани 30 години КУД „Пере Тошев“

Културно уметничкото друштво „Пере Тошев“ синоќа во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп со целовчерен концерт одбележа 30 години постоење на друштвото. КУД „Пере Тошев“ пред публиката го претстави богатиот репертоар на староградски песни и хармонизирани староградски песни.
Членовите на друштвото се горди на јубилејот зашто, како што велат работеле со голема љубов, ентузијазам и посветеност со единствен цел да да ја негуваат староградската македонска песна.
По повод 30-годишниот јубилеј на КУД „Пере Тошев“, градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески, им подари уметничка слика со градскиот саат, како симбол на договечноста на ова КУД. При оваа пригода тој им посака уште многу јубилејни настапи.
- КУД „Пере Тошев“ преставува културен бренд на градот и затоа има огромна поддршка од локалната самоуправа. Уште долго време да опстојуваат и да ја забавуваат, не само прилепската и македонската публика, туку со своите настапи да продолжат и надвор да ја презентираат македонската староградска песна, рече Ристески.
На јубилејниот концерт, во чест на 30 години од постоењето на КУД „Пере Тошев“ настапија и КУД „Моминок“, „Севдах“, гости од Врање и „Прилепски еснаф“.
КУД „Пере Тошев“ е формирано во 1987 година. На почетокот броело 25 члена, во чиј состав имало мешан хор и рецитаторска секција. Сега брои повеќе од 30-тина членови. Во изминатиот период учествувало на голем број реноминирани домашни и странски културни манифестации, а за промовирање на градот, за негување на македонската староградска музика, КУД „Пере Тошев“ е и добитник на највиското градско признаие, Третоноемвриската награда на град Прилеп.
Ново на Сител
-

Битолчанец не се отрезнил два дена, го фатиле со 3,23 промили па за 30 часа со 3,50 промили алкохол во крвта
-

Муцунски ја отвори Амбасадата на Република Северна Македонија во Вилнус: Ново поглавје во односите со Литванија
-

Сиљановска-Давкова: ЕУ треба да го забрза проширувањето и заради сопствената безбедност
-

Серафимовски: Малите семејни винарии заслужено го привлекуваат вниманието кон потенцијалот и квалитетот на македонското вино
-

Владата бара итно мислење од Венециската комисија за предложениот модел на правосудниот испит
-

Англија ја заострува забраната за мобилни телефони во училиштата – нема да смеат да стојат ниту во ранците
-

За клиентите на „АЛТА банка“ од денес достапни електронското и мобилното банкарство
-

Кривична за 28-годишник од Такиџистан, доставил исправа со невистинита содржина со цел да го продолжи престојот
