Одбележани 15 години од загинувањето на двајцата полициски резервисти во Гостивар

Претставници на македонскиот полициски синдикат, здружението на бранители „Бедем“ и полициската станица Гостивар, утрово го посетија спомен-обележјето на влезот во гостиварската населба Циглана, посветено на двајцата трагично загинати полициски резервисти Александар Николиќ и Даиљ Јанковски и положија букети цвеќе.
На комеморативниот собир, заедно со роднините на загинатите, со минута молчење им оддадоа почит и се поклонија на двајцата поранешни колеги, чиј живот згасна пред 15 години.
Цвеќе за Александар и Даиљ беше положено и на нивните вечни почивалишта на градските гробишта.
Загинувањето на двајцата резервисти, се уште до крај не е расветлено и не е познато кој и зошто пукаше таа ноќ во нив додека беа на полициски пункт во населбата Циглана. Во нападот што се случи еден час по полноќ на 26 август 2002 година, покрај загинатите Даил и Александар, беше ранет уште еден резервист. Одговорноста за овој чин со соопштение ја презеде терористичката организација АНА.
Ново на Сител
-

СДСМ со ултиматум за техничката влада
-

Ниту плата ниту мерки на ЕСС во Влада
-

Кризата со керозинот ќе ги зголеми цените на авиобилетите
-

За изградба на железница кон Албанија, Николоски очекува посветеност и од Тирана
-

Конференција: Скопје европска престолнина на културата во 2028 година
-

Новаци ќе добие регионален центар за отпад
-

Преглед на вестите од светот
-

Укинувањето на техничката влада на пленарна седница, СДСМ се закани со напуштање на работни групи
