Oдбележани 100 години од изградбата на тунел и пат низ Демиркаписката Клисура

По повод одбележувањето на 100 години од изградбата на тунелот и патот низ Демиркаписката Клисура, изграден од страна на германската армија во Првата светска војна, како и 200 години од причината за создавање на првиот велосипед од страна на Карл Драјс од Германија, вчера велосипедисти од повеќе градови на велосипеди поминаа 28 километри од Демир Капија до Миравци.
Претседателот на Советот на општина Демир Капија Петре Мојсов рече дека како што се гледа, постои натпис испишан од германските војници со кој сакале да го одбележат големиот инженерски потфат со пробивањето на овој тунел пред точно 100 години и тоа за многу краток рок од само 60 дена.
Настанот беше во организација на велосипедскиот кружок „Милтон”, како дел од Центарот за одржливи иницијативи, во соработка со Центарот за едукација и вмрежување во туризмот на Демир Капија и Спортски клуб „Клисура“ – Демир Капија, а со поддршка на општина Демир Капија и Амбасадата на Сојузна Република Германија во Скопје.
Ново на Сител
-

Зеленски: Американскиот документ за безбедносни гаранции за Украина е подготвен
-

СВР Битола поднесе кривична пријава за измама со лажна сообраќајна несреќа
-

Повеќе од 700.000 домови без струја поради снежно невреме во САД
-

Mалолетник со возило удрил во друго возило и пешак кој се бори за живот
-

ССМ со протест бара зголемување на работничките плати од најмалку 6.000 денари и минималец од 600 евра
-

Премиерот Рама и порача на албанската опозиција: Државата не потклекнува пред насилството и вандализмот
-

Ѓоковиќ без борба четвртфиналист на Австралија опен
-

Мицотакис: Европа мора да биде обединета, да ги брани меѓународното право и суверенитетот на земјите-членки
