Одбележана двегодишнината од донесувањето на иконата на Пресвета Богородица „Брзопослушничка“ во Струмица
На градскиот плоштад „Гоце Делчев“ во Струмица денеска беше одбележана двегодишнината од донесувањето на иконата на Пресвета Богородица „Брзопослушничка“.
Пред поголем број верници и граѓани се одржа молитвословие (доксологија), а во присуство на митрополитите Европски и Брегалнички, Пимен и Иларион, поздравно слово одржа Викарниот екипоскоп Јаков Полјански.
-Сите оние кои не се дел од оваа литија да станат. Сите оние кои не тргнале и не одат по тесниот пат Царството Божјо и да влезат и покој и мир да најдат во прегратките на Отецот небесен. Таа е главната виновничка за нашето спасение. Затоа и благодарам во ваше име најпрво за тоа што со својата голема милост ги испрати браќата архиереи да присуствуваат и да дојдат и со тоа да ја направат нашата радост да биде полна. И благодарам што преку чудата кои секојдневно ги точи, преку својата света икона, покажува дека е непрестано со нас и меѓу нас, рече Епископот Јаков Полјански.
По завршувањето на свеченостите литијата продолжи по улиците на Струмица до манастирот „Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици“, каде беше подготвена трпеза на љубовта за сите присутни.
Одбележувањето почна вчера со Вечерна богослужба во манастирот „Свети Петнаесет Тивериополски свештеномаченици“ и изнесување на иконата на Пресвета Богородица „Брзопослушничка“. Со свечена литија иконата беше однесена во црквата „Свети Григориј Палама и Свети великомаченик Димитриј“, каде се отслужи Молебен канон, а иконата беше оставена за поклонение на верниците.
Пред две години, во втората недела од Великиот пост, посветена на Свети Григориј Палама, заштитникот на Струмичката епархија, иконата беше донесена во манастирот „Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици“, Струмица, како подарок од братството на светогорскиот манастир Дохијар.
Ново на Сител
-
МВР: Претрес во Куманово, приведен дилер, пронајдена дрога
-
ЦУК: Вкупно 1.704 повици на 112, четири пожари на отворено и апел за редовно чистење на локалните одводни канали
-
Состанок на Постојаната експертска група за болеста африканска чума кај свињите
-
Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, како последица на вирусот починале четири лица
-
ЈП Комунална хигиена - Скопје: Oтстранети диви депонии на пластичарска улица и во населбата Топаана
-
Претрес во Гевгелија, пронајдена дрога
-
АП Брера Струмица дебитира во младинската Лига на шампиони
-
Грција ќе забрани издавање нови дозволи за краткорочно изнајмување во центарот на Атина