Одбележана 12-годишнината од загинувањето на претседателот Борис Трајковски
Дванаесетгодишнината од смртта на поранешниот македонски претседател Борис Трајковски денеска беше одбележана во Алејата на великаните на Градските гробишта во Бутел и пред платото на Спортскиот центар „Борис Трајковски“.
На Градските гробишта во Бутел, цвеќе на гробот на Трајковски положија делегации од Владата, Собранието на Република Македонија, Град Скопје, Советот на Град Скопје, претставници на дипломатскиот кор, од државни институции, политички партии, членови од семејството на претседателот, здруженија на граѓани...
Во авионската несреќа покрај претседателот Борис Трајковски, животот го загубија портпаролот Димка Илкова Бошковиќ, советниците Ристо Блажевски и Анита Лозановска, претставникот на Министерството за внатрешни работи Миле Крстевски, телохранителите Аце Божиновски и Борис Велиновски, како и пилотот и копилотот на авионот.
Цвеќе пред споменикот на Трајковски положија директорот на СЦ „Борис Трајковски“ Златко Перински, директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески, делегација од општина Карпош предводена од претседателот на Советот Сашо Лазаревски, повеќе спортски федерации од Република Македонија, претставници на Спортско радио, претставници од УМС на ВМРО-ДПМНЕ...
Директорот Перински истакна дека Македонија се гордее со Борис Трајковски кој, како што рече, беше човек со неверојатни морални, но и професионални вредности.
- Голема чест и обврска е да се носи името на овој наш претседател, па токму затоа СЦ „Борис Трајковски“ постојано се труди да претставува симбол за институција која на македонскиот народ ќе му донесе многу радост и ќе продолжи да биде место на големи спортски победи на македонските спортисти, тимови и репрезентации, рече Перински.
Постојано ги промовираме и семејните вредности кои, како што рече, нашиот поранешен претседател Борис Трајковски ги имаше и постојано ги нагласуваше како важни за Република Македонија.
- Сакаме да му оддадеме почит на прерано загинатиот претседател Борис Трајковски. Тоа и во иднина ќе го правиме и се надеваме дека и наредните генерации ќе му оддаваат почит и оти секоја година ќе се сеќаваат на овој ден и ќе се сеќаваат на трагичната несреќа во која прерано заврши еден млад живот, рече претседателот на Советот на општина Карпош Лазаревски.
Цвеќе беше положено и на спомен-обележјето во Ротимље во Босна и Херцеговина.
Ново на Сител
-
Околу 7.600 Сиријци се вратиле од Турција по падот на Асад пред една недела
-
Тошковски: Во премногу рана фаза сме за да навлегуваме во детали за истрагата во Судскиот совет
-
ДПИ: Инспекциски контроли во маркетите низ цела држава, утврдено дека цените се намалени за 10 отсто
-
Тошковски: Уапсени 4 лица, осомничени дека планираат настани кои би можеле да ја загрозат безбедноста на Македонија
-
Кривична пријава против дебранец за поседување марихуана
-
Тошковски: Засилени полициски активности пред новогодишните празници
-
ЦУК: Поради магла шест скијачи се изгубиле на Попова Шапка, пронајдени од вработен на ски-лифт
-
Најниска температура од - 1 на Попова Шапка, Крушево и Лазарополе, најтопло во Гевгелија со 7 степени