Македонија
4. May 2017 - 16:26

Одбележана 105 годишнината од убиството на Пере Тошев

Сто и петтата годишнина од убиството на “совеста” на македонската револуционерна борба, прилепчанецот Пере Тошев кој во 1912 - та година, откако бил предаен, бил убиен во Дреновската Клисура, денеска беше пригодно одбележана на неговиот гроб во црквата “Св. Благовештение”, како и пред споменикот, поставен во центарот на Прилеп.

Освен градските функционери, почит за неговата саможртва во борбата за македонската кауза, му одадоа и членовите на МПЗ “Пере Тошев”.

Освен на Пере Тошев, прилепчани достојна почит му одадоа и на великанот Гоце Делчев, по повод 114-тата годишнина од неговата смрт, кога, на денешен ден, бил убиен во селото Баница.