Одбележан Светскиот ден на згрижувачките семејства

Црвениот крст на град Скопје денеска на платото пред Спомен куќата на Мајка Тереза со хепенинг и дружење со децата, згрижувачите и волонтерите на Црвен крст на град Скопје, го одбележа Меѓународниот ден на згрижувачките семејства 1 јуни.
Секретарот на Црвениот крст Сузана Тунева Пауновска рече дека во рамките на проектот изминатите пет години секоја година се вклучени 90 деца на територија на Град Скопје, а на територијата на државата се регистрирани вкупно 147 семејства кои се дел од проектот на Црвениот крст.
- Се работи за многу важна категорија на граѓани во системот за социјална заштита. Ги отвараат своите домови за сите оние деца кои имаат потреба од љубов и поддршка и во периодот кога нивните родители не се во состојба да се грижат за нив овие семејства се нивна замена. Овие проекти ги работиме во текот на целата година, а денешниот ден го посветуваме пред се на згрижувачите и за нивните потреби, како и да апелираме и ја подигнеме свеста на граѓаните дека овие граѓани се посебна категорија на хумани луѓе, рече Пауновска.
Посочи дека волонтерите на Црвениот крст се чести гости во семејствата на згрижувачите и работат на нивна поддршка, се дружат и имаат рекреативни активности како посета на зоолошка градина, театарски претстави, работилници и дневни екскурзии, со цел сите заедно да направат социјално одговорни личности од овие дечиња.
Пауновска апелираше до сите оние што имаат можност да згрижат дете да го направат тоа затоа што на тој начин сите заедно придонесуваме нашата заедница да биде на високо ниво на социјална одговорност.
Црвениот крст на град Скопје во соработка со Министерство за труд и социјална политика, ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа – Скопје имплементира годишна програма за социјализација на деца и млади со посебни потреби и деца сместени во згрижувачки семејства со цел подобри услови за живот на децата сместени во згрижувачки семејства.
Ново на Сител
-

Бројот на исчезнати лица по поплавите во Хималаите се искачи над 1.300
-

Пет собраниски комисии, ќе ги разгледуваат правосудните извештаи, стратегиите за безбедност и кадровските прашања
-

Едно лице загина, 10 се повредени откако автомобил удри во група луѓе во францускиот град Кан
-

Топло со умерена локална облачност, попладне неcтабилно
-

Мерц најави крај на рецесијата: Германската економија влегува во фаза на засилен раст
-

Двајца од осомничените за планираното палење фабрика за дронови во Словачка се Летонци, а третиот е Украинец
-

„Денови на Света Мајка Тереза“ по повод 10 години од нејзината канонизација
-

Во село Гари отворена спомен соба на копаничарот Петре Филиповски - Гарка | ФОТО
