Одбележан патрониот празник на училиштето „Гоце Делчев“ од Илинден
Учениците од ООУ „Гоце Делчев“ од Општина Илинден, во спортски дух го одбележаа патрониот празник на училиштето и 113-годишнината од смртта на македонскиот револуционер Гоце Делчев.
Во рамките на одбележувањето на патронатот беа организирани бројни спортски активности во кои учествуваа сите ученици од училиштето. Наместо класичната приредба, како досега, учениците за прв пат имаа можност патрониот празник да го одбележат со натпревари во спринтерско трчање и крос, штафетни трки, скок во далечина, влечење на јаже, шах, кошарка, одбојка и ракомет...
Целта на ваквиот начин на одбележување на патрониот празник, како што посочуваат од општина Илинден, е да се придонесе младите од општината да бидат насочени кон вистинскиот пат, со здраво тело и здрав дух да чекорат низ животот, зашто само така ќе си помогнат и себе си и на својата земја.
По повод одбележувањето на патронатот, делегација на општина Илинден предводена од градоначалникот Жика Стојановски положи цвеќе пред спомен бистата на овој македонски великан што се наоѓа во дворот на училиштето, при што учениците подготвија пригоден рецитал.
Ново на Сител
-
ДУИ: Македонците ја мразат ДУИ затоа што ги зајакна Албанците
-
Претстои студен бран и врнежи од снег, ЦУК апелира на соодветни подготовки и следење на прогнозата кога се тргнува на пат
-
Во Лос Анџелес уапсени 20 лица поради кражби
-
Министерот Тошковски ќе отвори нова канцеларија на управните служби во Желино
-
Финска има намера да го продолжи затворањето на границата со Русија
-
Во Берово најстудено, најтопло во Гевгелија
-
Најмалку десетмина загинати во пожарите во Лос Анџелес
-
Истрага за изнуда и палење автомобил во Штип против двајца соизвршители, определен притвор