-->
-->
Oдбележан меѓународниот ден на спортот
-->
На 6 април 2014 година, Меѓународниот ден на спортот за развој и мир за прв пат се одржа прослава за светот на спортот, со што се нагласија искрените напори за развој и градење на мирот преку спортот. По две успешни изданија на овој настан (во Тетово и Скопје), Македонскиот олимписки комитет и оваа година, во соработка со општината Карпош и О.О.У. “Братство“ заедно го одбележаа овој меѓународен настан, кој е дел од 200 глобални проекти и настани кои се одржуват во повеќе од 80 држави низ целиот свет.
Меѓународниот олимписки комитет како и Здружението на летните олимписки меѓународни федерации силно ги охрабрија своите членки, националните олимписки комитети и спортските федерации да учествуваат во организацијата на овој настан. Исто така, од страна на Канцеларијата за спорт на ООН, беше лансирана дигитална кампања за развојот и мирот преку спортот, проект кој го прикажува позитивното влијание на спортот и може да придонесе кон унапредување на човековите права како и да донесе одредени социјални и економски промени.

-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Осомничените кои набавувале сомнителен мазут можно е да одговараат и за екоцид
-
Тема на денот со Фани Каранфилова Пановска
-
Бубрежно болните на дијализа спас гледаат во трансплантација
-
Шокантни сведоштва
-
Ниту обвинителството ниту судот немаат против Јахоски да се брани од слобода
-
Власта бара итни оставки по интерпелациите, судски да свика седница
-
Антикорупциска ќе ги проверува тендерите во Министерството за дигитална трансформација