Бизнис
18. October 2018 - 19:16

Одбележан меѓународниот ден на кредитините линии

Слободните финансиски средства треба да се  штедат  порача премиерот Зоран Заев по повод  одбележувањето на 70 годишнината на интернационалниот ден на кредитните линии. Според него тоа бил и најефтиниот начин да се пласираат и ефтини пари до стопанството од кое што зависи развојот на Република Македонија.  Според  Заев од особено значење за развојот на државата е нејзиното интегрирање во ЕУ и НАТО со што ќе се отвореле  големи можности за развој на бизнисите.

,, За економскиот развој на земјата исклучително е важно да ја видиме Република Македонија интегрирана во Европската унија и НАТО. Огромни можности за соработка и развој на бизнисите ни стојат на располагање кои никако не смееме да ги испуштиме,“ рече Зоран Заев

Заев е оптимист и верува дека таквата перспективна иднина многу брзо ќе биде реалност.