Македонија
8. September 2017 - 12:02

Одбележан Денот на независноста во Гевгелија

По повод 26-годишнината од независноста и сувереноста на Република Македонија делегација на Општина Гевгелија предводена од градоначалникот Иван Франгов денеска положи цвеќе на Споменикот на лицата прогонувани, затворани и убивани за идеите на независна Македонија, пред Спомен костурницата на паднатите борци во НОБ и пред Споменикот на Сава Михајлов.

Во оваа свечена пригода беше истакнато дека на овој ден пред 26 години преку референдум 95 отсто македонски граѓани се изјасниле дека сакаат да живеат во самостојна и суверена Македонија со што го оствариле вековниот идеал на сите знаени и незнаени борци кои ги положија своите животи за независна Македонија.

Прославата на Денот на независноста на Македонија во општина Гевгелија почна синоќа со отворањето на изложбата „Остен биенале на наградени автори“ која традиционално се одржува во организација на фондацијата „Аполонија“.