Одбележан денот на инженерскиот баталјон при АРМ

Инженерискиот баталјон од состав на првата механизирана пешадиска бригада на Армијата на Република Македонија, со воена свеченост во касарната „Илинден“ во Скопје го одбележа денот на единицата.
Командантот на баталјонот потполковник Васил Митевски, како што информираат од Генералштабот на АРМ, ги истакнал постојаната поддршка на останатите единици на АРМ во реализација на нивните мисии, поддршка на цивилните институции и локални самоуправи, како и учеството на меѓународните вежби „Saber Guardian – 17“ и „Dragoon Guardian“ и учеството во оценувањето на средната баталјонска група, како како што посочи тој, пртставуваат голем предизвик и го потврдиле мотото на единицата „секогаш напред“.
Во своето обраќање заменикот на командантот на 1.мпбр полковник Марјан Симоновски честитајќи го денот на единицата порачал инженерците да продолжат со успешното извршување на задачите, притоа успехот да го остваруваат со максимално вложен труд и беспрекорна дисциплина притоа справувајќи се со сите проблеми и предизвици кои стојат пред нив.
На свеченоста се доделени и стимулативни мерки и унапредени припадници на единицата, како и одржан тактичко технички збор на кој е изложен дел од инженериските возила и опрема со која располага единицата.
Покрај НГШ на АРМ, генерал потполковник Методија Величковски и директорот на ГШ на АРМ генерал мајор Димче Петровски, на свеченоста присуствувале и поранешни команданти на инженерискиот полк, командантот на Здружената команда бригаден генерал Зоран Милески, бригаден генерал Орце Јордев, команданти на команди и единици на АРМ, поранешни вработени во инженерската бригада, претставници од цивилни фирми со кои соработува баталјонот и други гости.
Инженерискиот баталјон е носител на традициите на формирањето на инженериската бригада при Главниот штаб на Народноослободителната војска и Партизанските одреди на Македонија формирана на 13.11.1944 година.
Ново на Сител
-

Силјановска и Јотова на средба во Бугарија
-

СДСМ поднесе интерпелација за министерот Трипуновски поради лошата состојба во земјоделието
-

Железничко поврзување Скопје - Софија во 2031 година
-

Обложувалниците против новиот закон
-

Крај на учебната 2025/2026 година и почеток на летниот распуст
-

Телеком донира опрема за училишта
-

Клековски: Прво да се зајакнат регионалните болници па да се направи анализа дали треба нов Клинички
-

ДЗС бара луѓе за летна борба со пожари, плата 44 илјади денари
