Од викендот врнежи од дожд и снег на планините

Врнежи од снег на планините и на некои пониски места, најавуваат метеролозите од сабота до понеделник.
Од УХМР информираат дека под влијание на влажен бран, од сабота до понеделник ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд, а на планините од снег. Повремено врнежите ќе преминуваат во снег и во некои од пониските места.
Пообилни врнежи ќе има во недела попладне и во текот на ноќта кон понеделник кои локално ќе бидат 30 л/м2.
На планините ќе се формира нова снежна покривка. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец, кој во недела во текот на денот ќе го промени правецот во северен.
Утринските температури утре ќе се движат од минус шест до два степени, во сабота од минус три до три, недела од нула до шест, понеделник од минус 1 до пет, вторник од минус четири до два и среда ќе биде секаде под нула од минус шест до минус еден. Дневните ќе бидат меѓу два и 13 степени.
Ново на Сител
-

Прв конгрес на ВРЕДИ како партија
-

Прв конгрес на ВРЕДИ како партија
-

Тема на денот со Ѓорѓи Илиевски, поранешен инспектор во просветниот инспекторат
-

Одбележан 9 Мај – денот на победата над фашизмот и денот на Европа
-

Путин уверен во победа над Украина - парада без тенкови и ракети
-

Германија најавува откажувања на летови и поскапи авиокарти, кај нас најавени нови линии
-

Енормно се зголемија цените на становите
-

Ристески: Лани отворени нови 15.000 работни места, историски најмала невработеност од осамостојувањето
