Од вечерва на полноќ почнува предизборниот молк во Хрватска
Во Хрватска на полноќ, стапува во сила предизборен молк пред парламентарните избори закажани за в недела, на 5 јули.
За време на дводневниот изборен молк, забранета е секаква изборна промоција, објавување проценки на изборните резултати, објавување фотографии во медиумите, изјави и интервјуа на кандидати.
Редовните парламентарни избори во Хрватска требаше да се одржат во декември оваа година, но поради епидемиолошката состојба предизвикана од коронавирусот, донесена е одлука тие да се спроведат неколку месеци порано.
Официјално, изборната кампања траеше само 15 дена, неофицијално траеше многу подолго, оценуваат хрватските медиуми.
Во трката учествуваат 192 изборни листи со 2.700 кандидати кои се борат за 151 пратеничко место. Бројот на листи по изборни единици не е ист и се движи од 13 во пет, до 22 во седум изборни единици. На изборните листи 41 отсто од кандидатите се жени, а просечната старост на кандидатите е 48,6 години.
Изборите ќе ги следат скоро 8.700 набљудувачи.
Според аналитичарите и истражувањето на јавното мислење, Хрватска се соочува со најнеизвесните парламентарни избори досега.
Според најновите истражувања, тесна победа би можела да постигне Рестарт коалицијата, собрана околу опозициската СДП, од каде и дојде актуелниот претседател Зоран Милановиќ, но се верува дека поголем коалициски потенцијал има досегашниот премиер Андреј Пленкович и владејачката ХДЗ, што се очекува да биде клучно за формирање на нова влада.
Според проценките на ХРејтинг, во сите десет изборни единици, релативен победник би можела да биде листата на СДП предводена од Давор Бернардиќ, со 60 пратенички места, на второ место листата предводена од Пленковиќ со 54 места, а на трето, десничарско националистичко „Татковинско движење“ на Мирослав Шкоро со 18 пратенички места.
Ново на Сител
-
ЈСП - Скопје: За продолжениот викенд неделен возен ред
-
Приведена 65-годишна штипјанка, го принудувала внукот да питачи во Дебар
-
Физички нападнат 30-годишен велосипедист во подрачјето на Карпош
-
46-годишен скопјанец пријавил дека неговиот малолетен син се оддалечил од домот
-
Германија мора да регрутира до 60.000 нови војници за да ги исполни целите на НАТО
-
Приведен 40-годишник, се заканувал на сограѓанин
-
На лекување во странство и во домашните болници има 12 пациенти од пожарот во Кочани, еден е во тешка состојба, вели Клековски
-
До недела топло, утре и задутре развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд и грмежи