Од вечерва до 8 мај обука на „Стенковец“: Ќе има пукање и движење на воени возила

На вежбовниот полигон и стрелиште „Стенковец“ од вечерва до 8 мај 2022 ќе се изведува обука во рамки на која ќе се користат вежбовни артифиции, информираат од Армијата на Република Северна Македонија.
За време на изведување на планираните активности во рамки на обуката, во одредени периоди ќе се слушаат истрели од вежбовна муниција и други вежбовни средства, а ќе има и зачестено движење на воени возила. Во утринските часови на 6 мај 2022 ќе има и активности во воздух.
– Наведените активности се дел од редовните планови за изведување на неопходната обука на припадниците на армиските единици на овој полигон, при што се преземени сите неопходни превентивни мерки за безбедност на учесниците и околината. Согласно процедурите, со наведената активност се запознаени и надлежните институции на територијата на Град Скопје, се наведува во соопштението од Генералштабот на Армијата.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Воислав Димитровски, директор на „Лајка“
-

Мицкоски на свечена академија „80 години од доселувањето на Македонците во Војводина“
-

Мицкоски на свечена академија „80 години од доселувањето на Македонците во Војводина“
-

Мицкоски: Не се поместуваме ни милиметар ако не се помести и Софија
-

14 инспекции ќе казнуваат ако се пушат цигари на места каде е забрането – Законот стапува на сила летово
-

Од понеделник премиерот очекува поевтинување на дизелот за 6,5 денари, ДДВ-то се враќа на 18%
-

Оформени 45 предмети и изречени над 200.000 евра казни за непочитување на Законот за нефер трговски практики
-

Гастрономската понуда клучен фактор за повеќе туристи
