Oд вчера до денеска пријавени уште два грозоморни случаи на силување
Полициските билтени за жал се полнат со вести за силувани деца и девојки. По веста која вчера ја потресе Македонија, за детенце кое беше силувано во градинка од страна на ученик, во полиција од вчера до денеска се пријавени уште два грозоморни случаи на силување.
Во првиот случај, 25-годишниот М.Ѓ. од Кочани заработи кривична бидејќи месецов во 11 часот во индустрискиот дел во Кочани, во неколку наврати, со употреба на физичка сила, се обидел да изврши полови дејствија над 21-годишната К.С.
Монструмот и нанел повреди на двете раце и половината.
И во полицијата во Куманово пријавено било дека 29-годишниот Е.М. во 04.40 часот во семејната куќа, додека 37-годишната С.С. спиела, дошол, влегол внатре, се приближил до креветот и извршил полови дејствија над неа, а потоа и го одзел мобилниот телефон и побегнал.
Ново на Сител
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Teма на денот со Зоран Јовановски
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Прва инвестиција на новата Влада вредна 500 милиони долари
-
Почна расправа за струјата
-
Од министерска во директорска фотелја – Фатмир Меџити е нов директор на Клиниката за неврологија
-
Клиниките во Скопје и Штип ќе ги лечиме на арбитража во Париз
-
На секоја втора фирма лани и било барано мито, сумите одат и до 100 илјади евра