-->
-->
Од утринава стивна и македонската и српската музика
-->

Од утринава на радиостаниците веќе нема ни македонска, ни српска музика.
Забраната за емитување српска музика почна од ноќеска на полноќ, а од пред десет дена е забрането емитување македонска музика.
Македонските телевизии и радио станици од утринава, покрај светските хитови, од регионот пуштаат хрватска, бугарска, бошњачка, албанска, грчка или друга музика.
Исклучок од забраната на Здружението за заштита на авторските и музички права (ЗАМП) и на Организацијата на српските музички автори СОКОЈ, како што велат од Здружението на приватни медиуми на Македонија (ЗПММ), ќе бидат музичките емисии од Србија, за кои македонските телевизии ги имаат откупено правата, а такви се „Ѕвездите на Гранд“ и „Пинкови ѕвезди“.
Поради забраната за емитување македонска музика, викендов нема да се одржи Фолк фест Валандово, најстариот фестивал на македонски новокомпонирани песни.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ заедно со нивните судии и обвинители во акција за заштита на мазут мафијата
-
Сиљановска од Баку: Обединетите нации се маргинализирани тогаш кога се најпотребни
-
Македонија 5 години во НАТО
-
ЦГК: За две години државата потрошила 8,5 милиони евра за нови автомобили
-
Пациенти алергични на полен ги полнат амбулантите
-
Полицијата го зголеми надзорот
-
Преглед на вестите од светот
-
Осомничените кои набавувале сомнителен мазут можно е да одговараат и за екоцид