Од утре започнува етапната исплата на јунските пензии
Од утре започнува етапната исплата на јунските пензии. Пензиите како што наведува Министерството за труд и социјална политика ќе бидат исплатени предвреме и етапно, со цел поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од Коронавирусот.
Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи и тоа според висината на пензијата.
– За пензии со висина до 11.000 денари исплатата да се изврши утре, за пензии со висина од 11.001 до 14.000 денари исплатата да се изврши во среда, за пензии со висина од 14.001 до 18.000 денари исплатата да се изврши на први следниот месец, а за пензии со висина над 18.001 денари исплата да се изврши на 2 јуни – петок, се наведува во соопштението од Министерството.
Од таму информираат дека пензионерите кои користат платежна картичка, поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, со парите можат да располагаат од 29 јуни, односно од утре.
Тие можат да ја подигнат пензијата на банкомат, да ги користат средствата за плаќање во трговската мрежа или за електронски плаќања. Етапното процесирање на пензиите ќе овозможи спроведување на препораките и мерките за спречување и ширење на вирусот, со оглед на тоа што пензионерите како возрасна група се најранливи. Апелираме до пензионерите да се придржуваат до распоредот за исплати, велат од Министерството.
Ново на Сител
-
Обвинетиот за нападот на градоначалничката Арсовска не се чувствува виновен, започна доказната постапка
-
18-годишен мотоциклист почина откако се судри со „бмв“ со швајцарски национални ознаки
-
Собранието ја констатира оставката на претседателката на ДКСК Татјана Димитровска
-
Поништен тендерот за набавка на 120 електрични еколошки автобуси за јавен превоз
-
Привршува рокот за електронско пријавување за сместување во студентските домови
-
Претрес во Кочани, пронајден пиштол и марихуана
-
Директорка на училиште во Виница си ја вработила ќерката како професор по математика, иако немала соодветно образование
-
Активни седум пожари, три под контрола, пристигнува помош од Чешка и Словенија