Од утре скопјани ќе возат по новиот булевар „АСНОМ“
Заврши првата фаза од реконструкцијата на булеварот „АСНОМ“ во општината Аеродром, на потегот од крстосницата со улицата „Васко Карангелевски“ до крстосницата со булеварот „Србија“ кај мостот Близнак. Се бележи хоризонталната сообраќајна сигнализација на булеварот „АСНОМ“, а од утре граѓаните ќе возат по овој нов проширен булевар, информираат од Град Скопје.
Проширениот булевар, како што се посочува, добива по три коловозни ленти во двете насоки, пешачки и велосипедски патеки од двете страни на булеварот и средишно зеленило.
По завршувањето на оваа фаза, булеварот преку новиот мост, што е веќе во изградба, треба да се поврзе со населбата Ќерамидница во општина Гази Баба, а оттука и Аеродром ќе добие нова сообраќајна релација кон Центар кај поранешен Скопски саем. Само пред неполн месец, по отварањето на новиот булевар „Христијан Тодоровски Карпош“ во Бутел и булеварот „Никола Карев“ (познат како Пластичарска), за кратко време ова е веќе трета нова сообраќајница за развој на Скопје. Во моментот се работи и на четврт булевар, односно на втората фаза од изградбата на новиот булевар „Босна и Хецеговина“. Чекор по чекор, Скопје добива една поинаква приказна, истакнуваат од Град Скопје.
Ново на Сител
-
Палчо ја помина првата вечер во притвор во „Шутка'', од неговата партија бараат биохемиска анализа на оброците
-
Први преговори ВМРО-ДПМНЕ - ВЛЕН
-
Мицкоски: Во изјавите ќе го користиме терминот Македонија
-
Мицотакис: Не ги потпишуваме договорите од Преспа, тие се наше оружје
-
Се поставуваат безбедносни камери во зградата на Кацарска, овој инцидент е загрозување на нејзината безбедност
-
Демири не кажа дали договорците на Токсикологија се стручни туку му било жал што работеле без пари
-
Анализа на македонски експерти: Кои се мотивите за атентатот врз словачкиот премиер?
-
Палевски преноќи во Шутка