Од утре повремени врнежи од дожд, утринските температури значително пониски
Од утре во пладневните часови до ноќта кон понеделник времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. На планините, а в недела и на некои од повисоките места, особено во западните делови врнежите ќе бидат од снег. Особено в недела и в понеделник во Повардарието ќе засилува северен ветер, а на почетокот на неделата утринските температури ќе бидат значително пониски.ж
Како што соопшти УХМР, времето утре ќе биде променливо облачно, наутро со услови за магла или ниска облачност по котлините. Од пладневните часови особено во западните делови ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините особено во западните делови од снег. Повремени врнежи ќе има и преку ноќта. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер претежно од југоисточен правец.
Во Скопје умерено до значително облачно од пладневните часови со услови за краткотарен дожд во делови од котлината.
Во следните три дена минималната температура ќе се движи од -4 до седум степени, а максималната од два до 11 степени.
Ново на Сител
-
Промоција на противпожарни возила во Криволак
-
Активни три пожари во реони на општините Прилеп, Македонски Брод и Чашка
-
Малолетниците во просек до пет часа дневно на интернет
-
Во поплавите во Тексас загинаа над 50 луѓе
-
На ГП „Богородица“ се чека од 30 до 40 минути
-
Маск формира нова политичка партија во САД
-
Во Рио де Жанеиро се одржува 17 Самит на БРИКС
-
ЦУК: Пожарот во Самоков е локализиран и веднаш изгаснат