-->
-->
Од утре почнува саемот „Купи куќа, купи стан“
-->

Од утре почнува саемот „Купи куќа, купи стан“, кој ќе се одржува во Скопје Сити Мол. Граѓаните ќе можат на едно место да добијат информации од Министерството за финансии, банките што се во проектот и градежните компании, како да аплицираат за Проектот за субвенционирани станбени кредити од државата – „Купи куќа, купи стан“ што продолжува и догодина.
Со промените во проектот направени годинава, значително се подобрени условите за да можат граѓаните да дојдат до сопствен дом, со поддршка од државата.
Годинава се доделени 97 станбени кредити во износ од 3,6 милиони евра, а субвенционирани се 1,1 милион евра. Средства за проектот „Купи куќа, купи стан“ има предвидено во Буџетот за 2020 година.
Саемот ќе трае до 8 декември.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Самит на ЕУ за Западен Балкан
-

Со големи попусти до 70% СЕТЕК го прославува својот 32 роденден
-

Тема на денот со Максим Димитриевски, претседател на ЗНАМ
-

Самит на ЕУ за Западен Балкан
-

Преглед на вестите од светот
-

Нова бомба со тврдења за фаворизирање
-

Љупчо Пецов Ѓаволот се предаде на полицијата, од бегство оди во куќен притвор
-

Советот на јавни обвинители утре ќе избира привремен наследник на Коцевски
