Од утре почнува кампања за заштита од пожари

Дирекцијата за заштита и спасување од 15 јули до 15 август годинава на целата територија на државата ќе спроведува кампања за заштита од пожари. Ќе се едуцира населението за намалување на заканите од пожари со помош на едукативен прирачник и постери со чекори за заштита во случај на шумски пожари. Ова на денешната прес-конференција го соопшти директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Аднан Џафероски.
– Кампањата ќе вклучува делење на прирачникот за намалување на заканите од пожари, како и поставување едукативни постери на централни локации во Град Скопје и на фреквенти места, на наплатните станици, на влез на националните паркови, на граничните премини, во сите градови низ државата каде ќе бидат вклучени и сите 35 подрачни единици на Дирекцијата за заштита и спасување, на излетничките места и места близу шумите, рече Џафероски. Додаде дека кампањата секојдневно ќе се промовира на социјалните, ТВ и радио медиуми.
Во рамки на кампањата, на 20 јули годинава во 18 часот на манифестацијата „Самерленд“ во Градскиот парк во Скопје Дирекцијата за заштита и спасување ќе има свој штанд со едукативни материјали.
– Целта на оваа кампања не е само да се делува превентивно, туку и едукативно, преку поттикнување на свеста на населението за сите можни ризици што ги носат пожарите како катастрофа. Бидејќи влегуваме во т.н. критичен период во година за појава на пожари на отворен простор, поддршка за оваа кампања добивме и од ЕВН АД Скопје, рече Џафероски.
Тој потсети дека во соработка со МВР и со МЗШВ преземени се одредени превентивни мерки уште од март годинава кога е донесена забраната за движење во шуми и шумско земјиште, освен за вработените на ЈП „Национални шуми“ и други субјекти што управуваат со заштитените подрачја од сите категории. Оваа забрана ќе биде во сила се до нејзино отповикување.
Ново на Сител
-

Мерц го повика Путин да ја прекине „бесмислената војна“ против Украина
-

Клековски: Ќе се преиспитува скрининг-програмата за рак на дојка
-

Пожар во стан во Скопје, поради вдишување чад еден пожарникар бил пренесен во болница
-

Во текот на изминатото деноноќие приведени 12 возачи, деветмина управувале возило без положен возачки испит
-

Пожар на Шар Планина, над Боговинско Езеро
-

Ѓорѓиевски: Кобилата и ждребето родено на улица во главниот град згрижени во ЗОО, МЗШВ и АХВ да постапат
-

Кениецот Нјорге победник, Ивановски трет на Виз Ер Скопски маратон 2026
-

ЈОРСМ: Оружје, експлозив и муниција пронајдени во домот на скопјанец
