-->
-->
Од утре невреме и благо освежување
-->
![](/sites/default/files/styles/large/public/article/teaser-images/2015/august/poroen-dozd12.jpeg?itok=jtX_y95j)
Времето утре во Македонија претпладне ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Попладне ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд и грмежи, особено во северните и западните каде не се исклучува можноста за изолирана појава на град.
Утринската температура во земјава ќе биде во интервалот од 13 до 22, а највисоката се очекува да достигне помеѓу 30 и 38 степени, УВ = 8.
Во Скопје утре претпладне времето ќе биде претежно сончево со слаб до умерен југоисточен ветер. Попладне ќе има појава на нестабилност со пороен дожд со слаб до умерен интензитет, грмежи и засилен ветер
Утринската температура ќе се спушти до 19, а највисоката дневна ќе достигне околу 36 степени.
ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ: Во почетокот на новата работна недела ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време, на места со повремен дожд, кој во попладневните часови локално ќе има пороен карактер проследен со грмежи и засилен ветер. Поизразена нестабилност се очекува во понеделник и вторник кога врнежите ќе бидат пообилни (локално над 30л/м2), а ќе има и услови за појава на град. Овие врнежи ќе придонесат за благо освежување во наредните два дена.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Парада на гордоста
-
Почна расправата за новата влада
-
Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ЦУК
-
Почна расправата за избор на новата влада
-
Високите температури направија хаос на Задушница: Луѓето со часови чекале автобус за да отидат на гробишта
-
Се води битка со пожарите
-
Анализа: Како се случи енергетскиот колапс во регионот?
-
Колку ќе заштеди здравството со укинувањето на организациските директори?