Од утре дожд, грмежи и силен ветер
Под влијание на влажни воздушни маси од југ, од утре следува период на променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер. Локално врнежите ќе имаат пороен карактер и ќе бидат проследени со грмежи и силен ветер од над 60 километри на час.
УХМР денеска најави дека поинтензивни процеси се очекуваат од средината на следната седмица кога наместа ќе наврне поголема количина на дожд од над 20 литри на метар квадратен за 24 часа.
Во Скопје, од утре времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и со умерен до засилен јужен ветер. Во делови од котлината врнежите повремено ќе бидат поројни проследени со грмежи и засилен ветер.
Утринските температури ќе се движат од 0 до 6 степени, а дневните од 12 до 19 степени.
Ново на Сител
-
Двајца малолетници со закани принудувале малолетнички полово да ги задоволуваат
-
Со автомобил удрен пешак во Скопје, се здобил со тешки телесни повреди
-
Објавен редоследот на евровизиските настапи во мај
-
Во Египет откриена гробница на фараон стара 3.600 години
-
Анчелоти идната недела на суд за даночна измама
-
Попладне пороен дожд, грмежи и засилен ветер
-
Четири млади лица приведени во кавадаречко, поседувале бела грутчеста материја
-
За време на продолжениот викенд јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред