-->
-->
Од утре „Денови на кочанскиот ориз 2015“
-->
Со изложба на дела изработени од ориз и со концерт на КУД „Мирче Ацев“ од Скопје утре во Кочани ќе почне стопанско културната манифестација „Денови на кочанскиот ориз“ на која се најавени повеќе содржини од книжевната, ликовната и фолклорната уметност.
- По 24-ти пат на манифестацијата ќе го славиме оризот симболот на кочанскиот крај. Содржините се разновидни, богати и содржајни. Во меѓународниот дел од манифестацијата ќе учествуваат претставници од збратимените градови со Кочани, Крижевци Хрватска, Сигентсетмиклош Унгарија, Китила Романија, Хмељницки од Украина, како и фолклорни групи од Полска,Турција, Романија. Хрватска, Босна, Црна Гора и Македонија, рече денеска на прес-конференција градоначалникот на Кочани Ратко Димитровски.
Традиционалната жетва на ориз со срп ќе се реализира на оризова нива во кочанското село Прибачево каде што ќе биде прогласен и најдобриот индивидуален земјоделски производител.
Во рамки на манифестацијата ќе биде промовирана и книга за оризот, а ќе се реализира и традиционалната манифестација „Оризова бела вечер“ со настап на Елена Ристевска и кочански музички бендови. Буџетот на манифестацијата изнесува милион денари, обезбедени од општина Кочани.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Излезноста до 9 часот изнесува 3,85 отсто
-
Медиуми: УЕФА ќе дозволи 26 фудбалери на ЕУРО2024
-
Тајланд сака да биде домаќин на трка во Формула 1
-
Маж во САД ги убил сопругата и трите деца по што се самоубил
-
Наставниците во Тенеси ќе можат да носат пиштоли на училиште
-
Може да гласаат и граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година
-
Упатство за гласање на претседателските избори
-
Отворени избирачките места, право на глас имаат 1.814.317 граѓани