Македонија
11. March 2017 - 12:26

Од силниот ветер падна покрив во тетовско Доброште

Покривна конструкција во должина од околу дваесетина метри од фирмата „Унибау“ во тетовското село Доброште во 1 часот и 13 минути по полноќ паднала и зафатила дел од локалниот пат во селото. 

Портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски информира дека покривната конструкција паднала поради силниот ветер што изминатата ноќ го зафатил полошкиот регион.

- Екипи на полицијата веднаш го обезбедиле местото од падот на покривот на патот што го отежнал сообраќајот, а сопственикот на фирмата Т.И.(54) самостојно ангажирал механизација и за околу еден час го отстраниле покривот и ги санирале последиците, рече Јосифовски. 

Тој посочи дека на барање на Т.И. не бил извршен увид  и оти тој не побарал проценка на материјалната штета од падот на покривната конструкција од неговиот објект.