Македонија
3. March 2021 - 16:44

Од септември првачињата и четвртачињата ќе учат по новата концепција, се прифатија ли забелешките од стручната јавност?

Во септември новата концепција за основно образование се воведува од прво и четврто одделение. Според усвоениот план за реформите до 6 одделение ќе се учи општество а потоа предметот ќе нарекува историја и општество. Допрва ќе се распишат огласи за програмите по наставните предмети за што министерката Царовска ги повика сите експерти да се вклучат.

Што ќе се брише и менува во учебниците допрва ќе се утврдува. Во четвроток МОН распишува огласи за учество на експерти во утврдување на програмите по наставните предмети.

Инаку концепцијата која вчера ја усвои Владата, беше остро критикувана од страна на стручната фела. Историчари, социолози, педагози, факултетски професори, наставници по географија,сенатот на УКИМ, дел од членовите на МАНУ кои побараа системско и посебно изучување на македонскиот јазик и македонската историја.