Бизнис
29. јуни 2017 - 19:46

Oд сабота струјата поевтинува за 0,25%

Утре нова корекција на цената на струјата. Дали ќе поевтини или ќе поскапи  ќе одлучи регулаторот. Новата цена ќе важи од први јули. Во јавноста веќе  кружат шпекулации дека струјата ќе поевтини за минимални 0,25 %. 
Енергетичарите не очекуваат електричната енергија да поскапи, сметаат дека треба да има намалување на цената.  Велат ако  ЕЛЕМ не побарале зголемување на цената при поднесувањето на пресметките за трошоците  тогаш и другите компании евн и мепсо немаат основа  за тоа. 
 
- Сметам дека сметките кај граѓаните нема да се зголемат. Штом производството односно ЕЛЕМ не бара покачување нема зошто краен снабдител да бара покачување.
Лани струјата поевтини за  незначителни 0,25 отсто. Новата цена ќе важи од сабота до први јули наредната година. 
 
Едно од ветувањата на новата власт беше и враќањето на евтината дневна  тарифа на струјата. Премиерот Заев изминатиов период вети дека за поевтина струја ќе се направат низа стратешки чекори. Енергетска ефикасност, зголемено домашно производство на струја како и слободен пазар на електрична енергија се некои од нив.