Македонија
19. јуни 2018 - 8:38

Од сабота не очекува драстична промена на времето

До крајот на денот времето ќе биде променливо облачно. Ќе дува умерен до засилен северен ветер од северен правец, а долж Повардарието повремено ќе се засилува. Кон крајот на денов се очекува постепено стабилизирање на временската состојба, соопшти УХМР.

Во попладневните часови денеска локално имаше развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд и грмежи, засилен ветер и појава на град, особено во централните и југоисточните делови на земјава.

Како што информира УХМР, нестабилноста најпрвин почнала во источните и југоисточните делови на земјава, потоа се проширила и во централните делови. Најпрвин нестабилноста била проследена со пороен дожд и грмежи, но потоа се проширила на повеќе места, особено во централните и јужните делови на земјава каде имаше интензивен пороен дожд грмежи и засилен ветер.

Појава на град имало во 16.26 часот, според радарските слики од противградобијниот центар Ѓуриште, во југоисточниот дел од Кавадарци и Кавадаречко, како и во неготинското подрачје каде имало пороен дожд, грмежи и појава на град и засилен ветер.

До 16 часот најмногу дожд наврнало во Демир Капија, 32 литри на метар квадратен, во Крива Паланка 12 и во Битола 10 литри на метар квадратен.

УХМР соопшти дека времето утре ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд кои локално ќе бидат поројни и проследени со грмежи, особено попладне. УВ-индексот ќе изнесува шест. Минималната температура ќе се движи од 12 до 18, а максималната од 24 до 32 степени.

Во Скопје околу пладне и попладне ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Температурата ќе се движи од 17 до 29 степени.

Во среда и во четврток од УХМР најавуваат сончево со мала до умерена облачност, а попладне ќе има изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи.

Од сабота се очекува промена на временската состојба, ќе дува северен ветер и ќе предизвика пад на температурата, а се уште ќе има локални врнежи од дожд.