Ракомет
25. September 2020 - 12:51

Од РФМ решија да ја одложат Првата лига

Македонскиот клупски ракомет се соочува со сериозен предизвик, поради новозаразените со Ковид-19.

Во пет суперлигаши досега беа потврдени позитивни на тестирањата за коронавирусот кој направи тотален хаос на стартот од новата сезона.

Откако беа суспендирани натпреварите во групата А од Суперлигата, извесно е дека тоа ќе се случи и во Б групата.

Од РФМ решија да ја одложат Првата лига на неопределено, додека Женската лига и новото коло од групата Б во Суперлигата засега остануваат на програмата.