Фудбал
5. July 2017 - 11:03

Од Реал во Бешикташ

Португалскиот репрезентативец Пепе (34), чиj договор со Реал истече по завршувањето на сезоната кариерата ќе ја продолжи во редовите на Бешикташ.

Клубот трансферот го потврди на својата интернет страница и објави дека Португалецот потпишал двегодишен договор, со опција истиот да биде продолжен за уште една година.

Пепе го напушти Реал по една деценија и 334 одиграни натпревари. Со „Kралскиот клуб“ тој освои три титули во Лигата на шампионите.