Бизнис
9. December 2018 - 16:34

Од расположливи 86 милиони евра од ИПАРД 1, македонските земјоделци искористиле само 16 милиони евра

Македонските земјоделци скоро и да не ги користат средствата за помош од ИПАРД програмата. Во претходниот повик на ИПАРД 1 од 86 милиони евра кои биле на располагање се искористиле само 16. Од организацијата „Рурална коалиција“ во моментов споведуваат активност на запознавање на жените и младите од руралните средини со ИПАРД-от. Се со цел да се стопира иселувањето на младите, а жените да се стекнат со финансиска независност и нивна инклузија во општеството.

„Во ИПАРД 1 од 125 договори кои што беа склучени, само 15 ги потпишале жени. Само 4 % од нив се носители на семејно земјоделско стопанство, само 5% иимаат имот имот на свое име и дури 92% од жениите истакнале дека воопшто не користеле никаква финансиска поддршка од програмите кои се нудат“, изјави Лилјана Јоноски, претседател на „Рурална коалиција“.

Валентина Трпеска е една од ретките жени земјоделки во Македонија кои ја искористиле ИПАРД програмата. Им препорачува и на нејзините колешки веднаш да аплиициираат.

„Има повеќе документација која треба да се подготви, но сепак рд по ред се се средува. И убаво е земјоделците да учествуваат на обукии за ИПАРД кога има ии ќе добијат информации како да аплицираат“, истакна Валентина Трпеска, земјоделец од с. Славеј.

Земјоделците пак велат дека главната причина поради која тие не аплицирале биле сложените процедури.

„Не се враќаат средствата на време, се закаснува со враќањето на средствата. Заради многу голема документација и многу земјоделци се откажуваат од аплицирањето“, рече Јосиф Стевоски, земјоделец од с. Кравари.

Едукациите, желбата на земјоделците и олеснетите процедури се факторите кои ќе придонесат за поголемо искористување на ЕУ фондовите, во спротивно милиони евра за развој на нашето земјоделство ќе останат неискористени.