-->
-->
Од први јули децата може да се вакцинираат за заштита од пневмокок и рота вирус
-->

Од први јули децата во Македонија ќе може да примаат две нови вакцини за заштита од пневмокок и рота вирус. Владата ја прифати информацијата за прогресот на активностите во реализацијата на Акцискиот план за воведување на вакцинација за заштита од пневмокок и рота вирус.
Овој месец до службите за имунизација ќе бидат дистрибуирани двете вакцини, а почнувајќи од следниот месец, децата ќе можат да ги примаат вакцините.
Најдобриот начин да се заштитат децата од пневмокок и рота вирус е преку вакцинација. Таа е клучен приоритет и придобивка за јавното здравје и токму затоа активностите за промоција на имунизацијата продолжуваат во континуитет, соопшти Владата.
Вакцината за рота вирус се дава кај бебињата на возраст од два, четири и шест месеци, а пневмококната вакцина кај деца на два, четири и дванаесет месеци.
Ротавирусот предизвикува сериозен инфективен вид на гастроентеритис (воспаление на стомакот и цревата). Кај некои луѓе нема симптоми, но кај многу малите деца е поголема веројатноста да дојде до сериозни симптоми – од благ пролив до пролив опасен по живот, кој предизвикува дехидрација (губење на течности) и за кој е потребно болничко лекување и може да доведе до смрт. Децата може да се заразат со ротавирусот ако нивната храна, вода или раце се загадени со измет на заразено лице.
Пневмококи се бактерии што продизвикуваат воспаление на белите дробови.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Премиер лигата воведува полуавтоматизирана технологија за проценка на офсајд
-
Јокиќ постави рекорд во НБА
-
40 годишник од Штип возел со 1,77 промили алкохол во крвта без положен возачки испит
-
Здружение за заштита на потрошувачи во Србија повикува на месечен бојкот на трговски синџир
-
Посебен режим на сообраќај во дел од град Скопје поради излевањето на Маркова река
-
Најмногу дожд во Крушево, најмалку во Крива Паланка
-
Во Косово убиен полициски началник
-
Трамп воведува нови царини, најавувајќи „златна ера“ за САД