Од поплавените подрачја во Србија евакуирани 171 лице
Припадници на Секторот за вонредни состојби на Србија досега од подрачјата зафатени со поплави евакуираа на 171 лице, јави Танјуг.
Како што соопшти српско Министертсво за внатрешни работи, евакуирани се луѓе од териториите на општините Шабац, Прибој, Горњи Милановц, Чачак, Лучани, Нови Пазар, Ужице и Краљево.
За да се создадат услови граѓаните повторно да се вратат во своите домови, заедно со припадниците на единиците на Министерството, се ангажирани и пожарникари, спасувачи и специјалната единица за спасување од вода со комплетна опрема,.
Масовна тепачка меѓу поддржувачите и противниците на Трамп
Трката за Белата куќа станува жестока.
Наместо да го слушаат говорот на кандидатот Доналд Трамп, негови симпатизери и противници се степаа.
Немирите се случија во студентска спортска сала во Чикаго, каде што требаше да се одржи говорот на Трамп, кој беше одложен, соопшти СНН (CNN).
Кандидатот за претседател на Републиканците одлучил да го прекине настапот, откако на местото се појавиле демонстранти, а полицијата го посоветувала да не излегува на трибината:
На местото имало меѓу 8500 и 10.000 луѓе, а дел од нив скандирале поддршка на друг кандидат за претседател – Берни Сандерс.
Северна Кореја изгуби подморница
Пентагон смета дека војската на Северна Кореја оваа недела изгубила врска со една своја подморница.
Како што пренесе СиЕнЕн, американската војска ја следела подморницата која се движела долж источниот брег на Корејскиот полуостров.
Сателитите забележале дека таа во еден момент престанала да се движи а дека севернокорејската воена морнарица се обидува да ја пронајде.
Американците не се сигурни дека подморницата потонала или плови под водата, но во секој случај имала некој дефект во текот на воените вежби.
-
Марина Ристовска
Сите содржини од овој новинар
