Од понеделник започнува исплатата на средства за субвенциониран студентски оброк
Министерството за образование и наука (МОН) информира дека студентите кои ги исполниле условите на јавниот повик за академеската 2023/2024 година, од понеделник започнуваат со користење на правото на субвенциониран студентски оброк. Со зголемен износ од 140 денари, кој ќе се исплаќа на дневна основа, студентите ќе можат да купуваат во маркети, ресторани, пекарници и други правни лица кои произведуваат, подготвуваат или продаваат храна.
МОН потсетува дека средствата ќе можат да се користат исклучиво преку наменската платежна картичка која ја издава Шпаркасе банка, партнер во спроведувањето на оваа мерка со кого Министерството за образование и наука има склучено нефинансиски договор.
-Дневниот паричен надомест се користи од понеделник до сабота, а не е предвидено да се исплаќа во периодот на летниот распуст од 1 јули до 1 октомври. Измените на законското решение кои беа иницирани и направени во текот на месец април, заедно со студентските организации, ги надминуваат сите предизвици кои постоеја во минатото, овозможуваат правична распределба и искористување на средствата за намената за која и всушност државата ги предвидува, наведуваат од МОН.
Можноста за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк за сите студенти кои досега поради какви било причини не го оствариле ова право, останува отворена секој нареден месец, од први до седми во месецот, а аплицирањето се спроведува преку порталот e-uslugi.mon.gov.mk.
Ново на Сител
-
Приведени двајца скопјани, осомничени за крадење автомобил
-
Заменик-министерот за земјоделство Фљакрон Беџети поднесе неотповиклива оставка
-
Анализа на дописникот на „Скај њуз“ од Москва: Украина и сојузниците ќе бидат разочарани и загрижени за исходот од разговорот меѓу Трамп и Путин
-
Бајден на Х: Ракот сите нè погодува
-
Трамп: Русија и Украина веднаш почнуваат преговори за завршување на војната
-
Путин по разговорот со Трамп: Подготвени сме за работа на меморандум со Украина, вклучувајќи и примирје
-
Папа Лав Четиринаесетти: Момент е за дијалог и градење мостови
-
Венс: Доколку Русија не сака да се вклучи во преговорите, САД ќе мора да кажат дека „ова не е нивна војна“