Од понеделник заладување со врнежи од дожд, на планините снег
Под влијание на влажен и студен воздушен бран од понеделник ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд, повремено пообилни. Од ноќта кон вторник ќе почне да дува повремено засилен северен ветер, врнежите ќе продолжат и во текот на следниот ден, а на југоисток ќе има услови за локална појава на грмежи.
Како што информира Управата за хидро-метеоролошки работи, дневната температура значително ќе се намали, особено во вторник, кога ќе изнесува до 15 степени.
На повисоките планини на север се очекува врнежите да поминуваат во снег. Во ноќта среда кон четврток врнежите ќе се преместат на југоистокот и ќе престануваат.
Вкупните врнежи од овој влажен и студен воздушен бран наместа ќе надминуваат 40 литри на метар квадратен, а брзината на северниот ветер, кој особено ќе засилува во вторник, повремено ќе е и над 60 километри на час.
Ново на Сител
-
Македонски државјанин обвинет за тероризам во Швајцарија - организирал состаноци во неговиот стан
-
Вторa средба на Трамп и Нетанјаху за два дена, главна тема – прекин на огнот во Појасот Газа
-
Хеликоптер вклучен во гаснењето на пожарот кај Дојран, ер трактор над фабриката Самоков
-
Регистриран вкупно 31 пожар на отворен простор - Активни седум, два локализирани
-
Европскиот парламент ќе гласа по извештајот на Вајц
-
Предлогот за интерпелација за претседателот на Уставниот суд, Костадиновски пред пратениците
-
Во Собранието ќе се одбележи Меѓународниот ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница
-
Продолжува амандманската расправа за ребалансот на Буџетот