Од понеделник на Сител стартува „На терапија“

18 септември,Понеделник - 22:20 часот
„На терапија“, прва македонска серија снимена според странска лиценца. Светски телевизиски производ кој ги освои гледачите низ целиот свет од понеделник и пред македонскиот телевизиски аудиториум.
Серијалот составен од 46 епизоди, ни ги донесува најдлабоките, најискерените и најсуптилните животни приказни раскажани во меланхоличната соба на Д-р Терзиев , чиј лик маестрално го донесува единствениот Никола Ристановски.

Широкиот дијапазон на емоции, напнатоста и „заразната“ тензија без дилема ќе го разбудат секое чувство освен рамнодушноста.
Зошто не смеете да ја пропуштите серијата „На терапија“?

Десет причини зошто не смеете да ја пропуштите серијата „На терапија“
1. Маестрално одбрана македонска актерска екипа која се истакнува со врвна изведба на комплексните карактери и нивните предизвикувачки животни приказни.
2. Нецензуриран приказ на личните проблеми преку кој се отсликува секојдневниот живот во Македонија и колективните потешкотии со кои се соочуваат луѓето овде.
3. Посветеност на детали, гестикулации обработени до перфекција, неочекувани пресврти и напнати моменти кои ја засилуваат тензијата и создаваат „заразна“ драма која целосно го задржува вниманието.
4. Поглед во најдлабоките тајни и најскриените мисли и на пациентите и на психотерапевтите, кои целосно ја откриваат човековата психа и шокираат со својата искреност.
5. Ликови во кои секој може да се препознае, приказни со кои секој може да се поистовети, корисни совети, животни лекции и можност да се учи на туѓите грешки.
6. Уникатна можност да се запознаат истите ликови на социјалните мрежи (Милена, Владо, Ивана, Зана и Гент)
7. Висококвалитетен ТВ производ на продукциски искусен тим со портфолио кое ги опфаќа македонските класици како „Збогум на 20-тиот век“, „Бал-кан-кан“, „Трето полувреме“ и многу други.
8. Особено е внимавано на автентичноста на говорот и дијалектот со цел да се доближи серијата до публиката.
9. Оригинална музика напишана од Дино и Ади Имери, еден од најбараните авангардни музичари во Македонија.
10. Никола Ристановски.



Ново на Сител
-

УЈП: Нулта толеранција за корупција, презумција на невиност за сите постапки
-

Лазаров: Португалците се дојдени тука да се борат за медал
-

Облачно и студено, од вторник кон крајот на денот врнежи од снег
-

Обвинение за помагачите на бегството на 18-годишникот што со автомобил усмрти жена во Капиштец
-

Претрес во викендица во село Војник, пронајден пиштол и други предмети
-

Кузмановски: Данска беше добар тест за претстојниот дуел со Португалија
-

Протести во Данска и на Гренланд поради плановите на Трамп за преземање на островот
-

Општина Кисела Вода го модернизира осветлувањето, ЛЕД светилки со паметен систем за контрола
