Бизнис
8. November 2023 - 13:52

Од полноќ поевтинува мазутот

Од полноќ поевтинува мазутот, а цените на останатите нафтени деривати остануваат исти, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. 

Според новата одлука на РКЕ, мазутот ќе се продава по цена од 44,996 ден/кг.

Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, дизелот и на Екстра лесното масло за домаќинство остануваат исти. ЕУРОСУПЕР БС - 95 ќе се продава по цена од 81 денари за литар, ЕУРОСУПЕр БС-98 по цена од 83 денари за литар, а дизелот по цена од 80,5 денари за литар. Останува иста и цената на Екстра лесното масло за домаќинство - 80 денари за литар.