-->
-->
Од полноќ поевтинува мазутот, цените на другите горива остануваат исти
-->
Мазутот од ноќеска на полноќ поевтинува за 1,052 денари за килограм, а цената на другите горива останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,55 отсто.Новата малопродажна цена на Мазутот М-1 НС ќе изнесува 37,078 денари за килограм. ЕУРОСУПЕР БС - 95 и понатаму ќе се продава за 81 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС - 98 за 83, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 74, а Екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) за 73,5 денари за литар.
Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 0,142 отсто, кај дизелот за 1,811, кај екстра лесното масло за 2,208 и кај мазутот за 3,583 отсто.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Пронајдена марихуана при претрес во дом во Гостивар
-

Зголемена фреквенција на возила и поголем застој за влез во државата на граничните премини со Грција
-

Сончево и топло и следната седмица, поизразена локална нестабилност во среда и четврток
-

Пронајдена исчезнатата Бугарка на Шар Планина
-

Затвореник од Идризово загина откако се качил на бандера и фатил жица под напон
-

Запален автомобил кај Мавровка
-

Ангелов: Најкомплексен е пожарот кон НП „Пелистер“, нема повредени пожарникари
-

Македонскиот кугларски репрезентативец Стоклас постави Гинисов рекорд
