Од почетокот на конфликтот, најмалку 676 луѓе се убиени во Судан
Најмалку 676 лица се убиени досега во судирите меѓу суданската армија и Силите за брза акција (РСФ), според извештајот објавен од Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања (ОЦА).
„Веќе 30 дена траат судирите меѓу суданската армија и РСФ, особено во Картум и неговата околина. „Најмалку 676 луѓе загинаа, а 5.576 се ранети“, соопшти ОЦА.
Во извештајот се додава дека повеќе од 936.000 луѓе се раселени од 15 април, а од тој број, 200.000 побарале засолниште во околните земји. ОН проценуваат дека околу 15,8 милиони Суданци, или третина од населението, ќе имаат потреба од хуманитарна помош оваа година, а бројот може да се зголеми доколку конфликтите продолжат. На 11 мај, завојуваните страни потпишаа во саудискиот град Џеда Декларација за посветеност на заштита на суданските цивили, со цел да се олесни испораката на итна хуманитарна помош и да се гарантира безбедна евакуација на цивилите.
Ново на Сител
-
Спасувачите трагаат по исчезнати по поплавите и свлечиштата во Јабланица
-
Досега нема кривична пријава поврзана со „Конти“, граѓаните да внимаваат при вложување пари во вакви апликации
-
Лазов: ДСЗИ ќе изврши вонреден инспекциски надзор во здравствените установи каде починатотото бебе било претходно лекувано
-
МОН: Честит 5 Октомври – Светски ден на учителот
-
Над 20 интервенции ноќеска во поплавени куќи во Тетово
-
Тошковски: Да се фокусираме на професионалноста, а не на етничкиот предзнак
-
Фич: Курсот на денарот и банкарскиот сектор остануваат стабилни
-
Кривична пријава за криумчарење мигранти