-->
-->
Од Парагвај стартуваше релито „Дакар 2017“
-->

Со првата етапа, во должина од 454 километри, од Асуснсион (Парагвај) до Ресистенција (Аргентина) за почна 39-то издание на релито Дакар. Ал-Атијах кај авотмобилистите и Гарсија кај мотоциклистите победија на првата етапа, на релито коие деветти пат се одржува во Јужна Америка.
Најтешкото светско рели, Дакар, стартуваше од Парагвај. Оваа година на програмата ќе бидат 12 етапи, а учесниците ќе минат повеќе од 9.000 километри.
Првата етапа во конкуренција на автмобилите ја доби Насер Ал-Атијах, а зад него беа Шпанците Понс, Рома и Карлос Саинц.
Педреро Гарсија, на КТМ, победи во конкуренција на мотоциклистите, откако најбрзиот Ксавиер де Солтраир заработи казна поради пребрзо возење.
Првата етапа во конкуренција на квадови ја доби Бразилецот Марсело Медерлос, Тим Корнер од Холандија славеше во трката на УТВ возилата, а кај камионите етапата му припадна на Чехот Мартин Коломи.
Втората етапа од Ресистенција до Сан Мигел де Такумана е долга 803 километри, а ќе се вози во вторник.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Александар Трајановски, потпретседател на СДСМ
-

Марш на ангелите во Кочани
-

31 конгрес на СДСМ
-

Судии и обвинители пријавени за државен јавен обвинител, огласот истекува во понеделник
-

Последни проверки за „Безбеден град“
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ против безбедноста
-

Се подготвува извештајот кој треба да биде доставен до УНЕСКО
-

Протест за чист воздух во Струмица
