Од Охридското Езеро извадена артилериска граната од Првата светска војна
Нуркачи и пиротехничари од Тимот за заштита и спасување под вода на Дирекцијата за заштита и спасување утрово од водите на Охридското Езеро извадија неексплодирана артилериска граната 75мм од Првата светска војна.
Со преземени неопходни безбедносни мерки тимот составен од нуркачот и пиротехнолог Милутин Секулоски и пиротехничарот Драгољуб Попоски ја извадија неексплодираната граната од дното на езерото и истата ќе биде транспортирана во магаци за привремено складирање се до нејзино уништување на посебна локација предвидена за таа намена.
Инаку, Секуловски е тим лидер на Екипата за заштита и спасување под вода, обучуван и ангажиран за слични активности што во неколку наврати беа спроведени на Охридското Езеро за чистење од неексплодирани убојни средства од минатото.
Пиротехничарот Драгољуб Попоски од Подрачното оддление за заштита и спасување Кичево е лицето одговорно за безбеден транспорт, соодветно скадирање и уништување на сите потенцијално опасни материјали собрани во активности слични на денешната.
Ново на Сител
-
ДУИ: Тошковски да си поднесе оставка како морален чин
-
До петок променливо облачно со локален дожд, викендот сончево и топло
-
Софија подготвена да потпише договор со Скопје за прекуграничен железнички тунел на Коридорот 8
-
По трагедијата во Кочани, ДКСК утврди низа пропусти во Законот за угостителска дејност
-
Пристап до мобилен интернет 1 732 063 претплатници, на мобилен месечно се зборува 174,67 минути
-
СДСМ: Истрагата за Кочани е селективна
-
Студентите во блокада официјално поднесоа барање до Собранието во врска со РТС: „Протестот ќе трае додека не го исполните“
-
Девојчето од Куманово по кое се трагаше вчера наместо во градски, влегло во автобус за Скопје