Од ноќеска дожд, силен ветер и пад на температурата
Промена на времето со засилен ветер, опаѓање на температурата, локален пороен дожд и грмежи, најавува Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Денес ќе биде топло и во поголемиот дел од денот сончево со мала облачност. Попладне и од северозапад облачноста ќе се зголемува а од вечерните часови особено во овие делови ќе има повремено пороен дожд и грмежи.
Утре ќе преовладува променливо облачно, ветровито и свежо време со локални врнежи од дожд и ретки грмежи. Наместа можни се поинтензивни врнежи од пороен дожд и грмежи и понекаде локално вкупно ќе наврнат и над 25 литри на метар квадратен воден талог и тоа особено на северот и во планинските региони на запад и на исток. До вечерните часови врнежи ќе има на југот и југоистокот. Утре ветровито ќе биде преку ноќта, а ќе дува и повремено засилен северен ветер особено попладне, вдолж Повардарието и кон североисток.
Дневната температура ќе биде пониска за 8 до 10 степени во однос на денешната.
Во вторник ветрот се уште повремено ќе засилува, но ќе започне период на стабилно време со постепен пораст на дневната температура. Температури слични на денешниве ќе има на крајот од работната недела, но со посвежи утра.
Ново на Сител
-
Предлог-Законот на СДСМ за помош на настраданите во Кочани не доби поддршка
-
Мицкоски следната недела ќе ги пополнува местата на Алијанса
-
Кошта утре на средби со македонските власти - Експертите не очекуваат позитивни сигнали од Брисел
-
Јавно ќе се разрешува претседател на Судски совет: Министерството за правда со нов закон
-
Во понеделник ќе биде познат новиот гувернер на Народната Банка
-
Инвестиции во железничката инфраструктура
-
Преглед на вестите од светот
-
Следната недела ќе бидат познати кадровските решенија по заминување на АА од Владата