-->
-->
Од небо падна огромно ледено парче, чистач избегна сигурна смрт
-->
Чистач на улици и еден минувач избегнаа голема незгода кога среде лондонска улица од небо падна големо парче мраз.
Настанот го снимила камера поставена во една блиска такси компанија.
Чистачот Серхиј Мјешков рече дека е „среќен што останал жив”.
- Ја исчистив другата страна на улицата и потоа слушнав гласен тресок. Парче мраз, можеби тешко и 10 килограми, падна или од авион или од небо. Се се случи многу брзо па не бев исплашен. Сепак, можев да завршам мртов на патот, рече за лондонските медиуми.
Друг минувач рече дека се звучело како да паднал метеорит.
Се претпоставува дека мразот паднал од авион кој се приближувал кон лондонскиот аеродром Хитроу, еден од најпрометните во Европа.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мицкоски: 24 години по Рамковниот - Заедно сме посилни
-
Што е постигнато со Рамковниот договор на економски план?
-
Претседател на Антикорупциска ќе се избира после локалните избори
-
Мицкоски: Се прават натчовечки напори да се стави под контрола пожарот во ловиштето Јасен
-
Европа гори: Загинати, повредени и масовни евакуации
-
Нова формула за финансирање на основното и средното образование
-
Одблокиран процесот за лиценци кои се неопходни за работа во градинка
-
Онколошки амбулантски терапии ќе се аплицираат во Штипска Клиничка